Јаневска ќе го посети реконструираното Основно училиште „Гоце Делчев“ во Пирава
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс и заменик шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД во Македонија мајор Даниел Силвер денеска ќе го посетат реконструираното Основно училиште „Гоце Делчев“ во валандовското село Пирава.

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс и заменик шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД во Македонија мајор Даниел Силвер денеска ќе го посетат реконструираното Основно училиште „Гоце Делчев“ во валандовското село Пирава.
Како што информира МОН, се работи за инвестиција во вредност од 322.600 долари кои ги обезбеди американската страна.
Министерството за образование и наука и општина Валандово ја обезбедиле потребната документација и надзор на изградбата. мд/дма/
Фото: МИА архива