• вторник, 24 декември 2024

Јаневска од Штип: Планирано е зголемување на студентскиот оброк, а судот ќе одлучи за долгот од осум милиони евра за превозот на студентите во Скопје

Јаневска од Штип: Планирано е зголемување на студентскиот оброк, а судот ќе одлучи за долгот од осум милиони евра за превозот на студентите во Скопје

Штип, 23 август 2024 (МИА) - Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната посета на Општина Штип најави дека планирано е зголемување на студентскиот оброк, но засега не може да каже за колку ќе биде зголемен, бидејќи какошто вели се зависи од буџетските средства кои ќе им бидат дадени на располагање.

-Што се однесува до студентскиот стандард студентите не треба да имаат дилема дека Министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење и факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легла за да можат нормално да живеат во градовите каде што ќе студираат, вели Јаневска.

На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од осум милиони евра, Јаневска со одговор дека фактурите се пристигнати, но нема правен основ по кој Министерството би ги платила фактурите за бесплатниот студентски превоз.

-Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука. Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме, изјави Јаневска.

Таа повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан