Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието
- Меѓународниот балкански универзитет доби нова библиотека, а на свеченото отворање министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ова ново катче ќе им биде привлечно на студентите, затоа што, според неа, ќе им го олесни пристапот до потребните книги, бази на податоци, дигитални материјали и сé друго што им треба за да учат и истражуваат, информираат од МОН.
Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Меѓународниот балкански универзитет доби нова библиотека, а на свеченото отворање министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ова ново катче ќе им биде привлечно на студентите, затоа што, според неа, ќе им го олесни пристапот до потребните книги, бази на податоци, дигитални материјали и сé друго што им треба за да учат и истражуваат, информираат од МОН.
-Сакам да ја нагласам важноста на вложувањето во академски капацитети. Тоа ја покажува посветеноста на високообразовните институции кон студентите и заложбата за нивна квалитетна едукација. Колку поразновидни извори на знаење користи студентот, толку пошироко и подлабоко ќе биде неговото знаење, укажала Јаневска, додавајќи дека само држави кои имаат добро образуван кадар можат да се надеваат на економски развој и просперитет.
Министерката посочила и дека компаниите кои вложуваат во образованието на дело ја покажуваат својата општествена одговорност и помагаат во надградувањето на воспитно-образовниот систем. Поттикнувајќи и други компании да најдат креативни начини за инвестирање во образованието, Јаневска навела дека тоа се инвестиции кои сигурно се враќаат. сст/лв/
фото МОН