• среда, 04 февруари 2026

Јамал: Се надевам дека ќе можам да останам во Барселона до крајот на животот

Јамал: Се надевам дека ќе можам да останам во Барселона до крајот на животот

Барселона, 3 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека сака целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб.

Јамал игра за главниот тим на „блауграната“ од 2023 година.

-Се надевам дека ќе можам да останам тука до крајот на животот, ќе уживам во секој ден, во најдобриот клуб и во најдобриот град во светот, го цитира „Мундо Депортиво“ Јамал.

Со Барселона, Јамал стана двократен шпански шампион, го освои Купот на кралот и двапати го освои Суперкупот на Шпанија. 

Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач одигра 134 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, постигнувајќи 38 гола и 47 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан