• вторник, 24 декември 2024

Јамал најмлад стрелец во историјата на големите турнири

Јамал најмлад стрелец во историјата на големите турнири

Минхен, 9 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства.

На вечерашниот натпревар против Франција во полуфиналето на Евро 2024 година Јамал во 21. минута го израмни резултатот на 1:1.

Шеснаесетгодишниот играч од средниот ред го собори рекордот на Пеле, кој на 17 години постигна гол за Бразил на Светско првенство. 

Претходно Јамал стана најмладиот играч во историјата на полуфиналето на големите турнири, соборувајќи го и рекордот на Бразилецот.

На полувреме Шпанија води со 2:1, иако Французите први дојдоа во водство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан