• петок, 05 декември 2025

Јалчин го наследи Солскјер на клупата на Бешикташ

Јалчин го наследи Солскјер на клупата на Бешикташ


Истанбул, 31 август 2025 (МИА) – Турскиот фудбалски гигант Бешикташ го назначи денеска својот поранешен играч и тренер Серген Јалчин за нaсlедник на Оле Гунар Солскјер, откако во петокот на Норвежaнeцот му беше врачен отказ.
Јалчин (52), кој го почнува својот втор мандат како тренер на Бешикташ, се согласи на договор до крајот на сезоната 2026/27.
Бешикташ го отпушти Солскјер по елиминацијата од Лозана во плејот за пласман во Конференциската лига, откако претходно веќе беше елиминиран од Лигата на Европа од Шахтјор Донецк.
За време на првиот мандат на Јалчин како тренер, Бешикташ ја освои турската двојна круна во сезоната 2020/21. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан