• сабота, 21 декември 2024

Јакимовски: Бесплатен автобуски превоз од Трнодол, Жданец и Средно Нерези до „Партизанска“

Јакимовски: Бесплатен автобуски превоз од Трнодол, Жданец и Средно Нерези до „Партизанска“
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот „Партизански одреди“. Целта на овој проект, како што рече Јакимовски, е да се олесни поврзувањето на жителите од овие населени места со централниот дел од општината преку воведување на автобуски линии. Превозот, рече тој, ќе биде бесплатен, а трошоците ќе бидат на сметка на општината. - И со бас рапид транзит на градоначалникот Шилегов не се решава проблемот на граѓаните од Трнодол, Жданец, Средно Нерези. Тие и натаму ќе бидат отсечени од булеварот „Партизански одреди“ каде што е најголемата фреквенција и каде што граѓаните имаат најмногу потреба да се движат. Од тие причини општина Карпош ќе има минибуси кои ќе се обраќаат од Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот „Партизански одреди“. Ова особено ќе биде во интерес на повозрасните граѓани на Карпош, како и за учениците кога наутро одат за на училиште, особено во средните училишта. Сето ова ќе биде бесплатно на товар на буџетот на општина Карпош, најави Јакимовски. мс/бк/ https://www.youtube.com/watch?v=suC7IbsdQgA

Остани поврзан