• вторник, 24 декември 2024

Јавниот превоз во Скопје во понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје во понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат две билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопштија попладнево од ЈСП Скопје.

- Дежурни од осум до 14:00 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар - на излез и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, притоа 17:00 - 17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно во 17:45 часот е последно возење од горе надолу, се појаснува во соопштението. бд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан