Јавна трибина за војната во Иран и нејзините импликации врз регионалната безбедност и македонската економија
- Во дискусијата ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, а целта е да се развие расправа за актуелните случувања поврзани со војната во Иран, состојбата на Блискиот Исток, како и нивните пошироки геополитички, безбедносни и економски импликации за Македонија и регионот.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ денеска организира јавна трибина на тема „Војната во Иран и нејзините импликации за регионалната безбедност и за македонската економија”.
Во дискусијата, како што најавува, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, а целта е да се развие расправа за актуелните случувања поврзано со војната во Иран, состојбата на Блискиот Исток, како и нивните пошироки геополитички, безбедносни и економски импликации за Македонија и регионот.
Воведни обраќања ќе имаат основачите на Институтот: Кирил Миновски, поранешен министер за финансии, Далибор Јовановски, универзитетски професор, Жидас Даскаловски, универзитетски професор, Раби Седрак, безбедносен аналитичар, и Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски прашања.
Дискусијата ќе опфати неколку прашања од посебна важност за сегашните глобални односи вклучувајќи: геополитичка динамика во развој по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз глобалната стабилност; импликациите за меѓународната безбедносна архитектура и регионалната безбедност на Западен Балкан; улогата на главните глобални и сили во обликувањето на случувањата на Блискиот Исток; економски последици, вклучувајќи ефекти врз енергетските пазари, трговските патишта и глобалните синџири на снабдување; импликации за економската стабилност и политичкото опкружување на Македонија; и пошироки дипломатски и стратешки размислувања за малите држави во брзоменувачкиот меѓународен поредок. мч/бк/
фото: ФБ на Институт „Радика“