• четврток, 04 декември 2025

Јавна расправа за ажурирање на постоечкиот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Куманово

Јавна расправа за ажурирање на постоечкиот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Куманово

Куманово, 28 април 2025 (МИА) - Кумановци бараат да продолжи субвенционирањето на клими и на приклучок на гас, поставување на фотоволтаици за училишните објекти, прочистувачи за градинките и за училиштата, субвенции за чистење на оџаците. Ова се новините кои ги бараат граѓаните како предлог-мерки што треба да бидат вградени во постоечкиот план за подобрување на квалитетот на амбинеталниот  воздух, а беа презентирани на денешната јавна расправа за ажурирање на планот.

Општина Куманово преку одделението за заштита на животна средина во соработка со одделението за локален економски развој и секторот за урбанизам го спроведува ажурирањето на планот во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, што е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово.

Планот има важност до 2026-та година, а е усвоен и одобрен од Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање и Совет на Општина Куманово.

- Преку работилници, граѓански форуми се спроведување ажурирањето. Нацрт верзијата ја изработија „Центар за климатски промени“, а денеска се презентира пред граѓаните. Доколку има дополнителни предлози, ако сметаме дека треба да бидат воспоставени нови мерки, тогаш ги вметнуваме, го испраќаме до Министерствата за животна средина и просторно планирање и до здравство, по што се враќа и треба да го усвои советот, изјави координаторот на проектот за општина Куманово, Александра Георгиевска Протиќ.

Досега се применети субвенции за гас, за клима, садење висококвалитетни садници, останува да се воведат прочистувачи за воздух и поставување фотоволтаици.

-Се работи и има одредени резултати, во зима имавме само три пати надминување на прагот на информирање, не и на алармирање што не беше пракса изминативе години, додава Георгиевска Протиќ.

Филип Стојановски од „Центар за климатски промени“ рече дека мерките за субвенционирање за набавка на инвертер клими и продолжување на субвенцијата за приклучок кон гасификацијата се дел од мерките кои биле побарани претходно и се вметнати во планот. Граѓаните бараат и садење висококвалитетни садници, чистење на оџаци, но и поставување фотоволатци кои во текот на годината ќе бидат поставени на училишните објекти. Кумановци барале и наместо огномети, во прославите на значајните датуми да се користат дронови.

-Во проектот вклучени се пет општини, насекаде е важно заеднички да работиме, општините, градоначалниците, граѓаните сите да дадеме придонес во намалувањето на аерозагадувањето. Многу е полесно кога ќе се воспостави систем, изјави Стојаноски.

Во некои општини граѓаните барале и бесплатно да се отстрани сметот, засега во Куманово нема таков предлог. Законот е ригорозен, воспоставен, но поради неможноста инспекторите да влезат во домовите на граѓаните, се користат несоодветни материјали за загревање. Според последните истражува во Куманово дефинирани се шест извори на загадување, најмногу согорување на биомаса чии пикови се евидентни во периодот декември-јануари, потоа сообраќај, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. ам/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан