• сабота, 23 ноември 2024

Јавна дебата во Калифорнија за репарации за Афроамериканците робови

Јавна дебата во Калифорнија за репарации за Афроамериканците робови
Сакраменто, 31 август 2020 (МИА) - Властите на американската сојузна држава Калифорнија разгледуваат можности за обесштетување, поточно репарации за потомците на Афроамериканците кои во минатото биле робови. - Ако тие 20 хектари и мазгата што им била ветена на ослободените робови денес им биде дадена на потомците на тие робови, сите ќе бидеме милијардери. Слушам како многу луѓе велат: „Е па, јас не сум поседувал роб, тоа било одамна“. Па, наследници сте на богатство - можете и да го преземете долгот кон Афроамериканците, истакна Стивен Бредфорд, сенатор од Калифорнија, од Демократската партија. Сѐ ова се случува во светло на протестите против полициското насилство во САД и најновите неколку случаи на насилство врз црнци од страна на полицијата, што се случија неодамна. си/ссм/

Остани поврзан