• сабота, 23 ноември 2024

Јавен состанок на Агенцијата за пошти

Јавен состанок на Агенцијата за пошти
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - На јавен состанок на Агенцијата за пошти денеска ќе биде претставена состојбата на поштенскиот пазар, како и тековните и идните активности на регулаторното тело. Според најавата, предвидено е обраќање на претседателката на АП Билјана Аврамовска Ѓореска, а ќе бидат претставени статистичкиот извештај за поштенските активности во државава во 2021 година, како и Информацијата за јавна расправа за измена на Правилникот за содржина и форма на нотификација и потребната документација која се доставува со нотификацијата.лв/бак/

Остани поврзан