• понеделник, 09 март 2026

Јавен повик за поддршка на микро-проекти за локален економски развој и туризам во Општина Охрид

Јавен повик за поддршка на микро-проекти за локален економски развој и туризам во Општина Охрид

Охрид, 9 март 2026 (МИА) - Општина Охрид објави Јавен повик за финансиска поддршка на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026 година.

Предмет на Јавниот повик е доделување финансиска поддршка за реализација на микропроекти од јавен интерес, со цел поттикнување на локален економски развој, унапредување на туристичката понуда, зачувување и промоција на културното и природното наследство, како и подобрување на квалитетот на живот во општината.

Финансиската поддршка е наменета за активности од мал обем со јасно дефинирани резултати, временска рамка до 6 месеци и мерлив придонес кон локалниот развој.

Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 2.000.000 денари, распределен на: 1.000.000 денари – локален економски развој и 1.000.000 денари – туризам. Максимален износ по проект: 200.000,00 денари.

Повеќе детали се објавени на интернет-страницата на Општина Охрид. аб/вг/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан