• вторник, 24 декември 2024

Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Подгорица, 17 март 2023 (МИА) - Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори, откако вчера го потпиша Указот за распуштање на 27-то свикување на Собранието врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора, јави Мина.

Уредбата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора.

По распуштањето на Собранието, изборите може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена. сд/

 

Остани поврзан