Ѓорѓиоски уште три години на клупата на Брегалница
- Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот долгорочен пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал, изјави п

Штип, 25 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница потпиша нов договор со тренерот Илчо Ѓорѓиоски, кој ќе остане на клупата на клубот од Штип до јуни 2025 година.
- Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот долгорочен пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал, изјави претседателот на штипскиот прволигаш, Кирил Гогов, за клупскиот сајт.
Додаде дека со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат интернационални.
- Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а сè во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал, додаде Гогов.
Фудбалерите на Брегалница денеска ги стартуваат подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако изминатите деновиве беа реализирани задолжителните лекарски прегледи. ег/ар/