• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Ќе побарам измени на ДУП-от во Кисела Вода за да ги заштитам граѓаните

Ѓорѓиевски: Ќе побарам измени на ДУП-от во Кисела Вода за да ги заштитам граѓаните

15 јули 2023

Трите главни столба на кое што се темелеше урбанистичкото проектирање е дигитализацијата со која што се намалува степенот на корупцијата и тоа е прв столб. На овој столб ги темелевме нашите заложби и вториот столб беше суспензијата и поништувањето на ДУП-от во Расадник и меѓународниот конкурс кој што сега трае до септември и е во процес каде што треба да стигнат предлог верзии за истиот. И третиот столб беше ова автентично толкување во кое што сакавме да спречиме и спречивме практично месеци наназад изигрување на законот, кои што во минатото поединци го користеа тој простор, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.

Според Ѓорѓиевски населбите Црниче и Пржино се проектирани со подземна и надземна инфраструктура за на на една уличка има од 15 до 30 домаќинства.

Во наслебите и Црниче и Пржино се преоктирани за да на една улица да има 15, 20 или 30 домаќинства. Инфраструктурата надземна учичките се од 3,5 до 5 метри широки, паркинг просторот е за тие 15,20 или 30 семејства кои што живеат таму. Подземната инфраструктура, водоводната мрежа е за тој капацитет на граѓани кои што живеат таму и дополнително најголемиот проблем градинките и училиштата во околината се предвидени за толкав број на семејствата. Замислете на една таква уличка со 15 домаќинства, да не повеќе туку 4 такви домаќинства се претворат и се изигра законот во вакво издание какво што ќе има не повеќе, туку по станбени единици тоа се 40 семејства плус, на една таква тесна улица со таква оптеретена инфраструктура, рече тој.

Во однос на одлуката на Уставен суд за автентично толкување како и дека одлуката ќе биде поништена, Ѓорѓиевски посочи дека наместо да се штите интересот на граѓаните, се штите интересот на градежните компании.

Сега наместо да се штите интересот на граѓанинот, го штитат интересот на поединецот, односно на градежни компании кои што треба од сето тоа да профитира. Ако на судот целта му е да го заштити населението, немаше да направи ваков потег, бидејќи никаде нема категорично каде е прекршен законот смета Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави и измена на ДУП-от се со цел да се заштити населението кое живее во тие населби.

Јас ќе бидам принуден за трајно да го заштитам населението да отпочнам постапка во која што ќе донесеме нов ДУП таму каде што за ова за кое што некој се противи во интерес на поединци, а не во интерес на колективниот интерес, ќе биде јасно наведено и ќе биде заштитено, објасни Ѓорѓиевски.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 
 
 

Остани поврзан