Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој, тема можностите за натамошно унапредување на партнерството
- Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.
Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.
-Го запознав амбасадорот Улусој со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата, изјавил Ѓорѓиевски по средбата.
Особено внимание било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.

Градоначалникот ја нагласил подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакнал континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.
На крајот, заеднички го потврдиле потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка.
Во делегацијата од Република Турција, предводена од амбасадорот Фатих Улусој, биле и Синан Танриоген - советник за трговија во Амбасадата на Република Турција, Ирем Нур Ташер - трет секретар во Амбасадата, Доукан Канан - помошник координатор на ТИКА Скопје, Бекир Ибиш - претставник на Турскиот културен центар во Македонија, како и Осман Демирѓул, координатор на меѓународни училишта и претставник на фондацијата „Маариф“ во Македонија. сст/вг/
Фото Град Скопје
Со почит,