• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски на средба со НДИ: Борбата против корупцијата е приоритет

Ѓорѓиевски на средба со НДИ: Борбата против корупцијата е приоритет

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска одржа состанок со претставници на НДИ, кои го раководат проектот за борба против корупција на локално ниво. 

Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и треба да трае осум години, а целта е изнаоѓање механизми со кои максимално ќе се намали корупцијата на локално ниво.

Ѓорѓиевски ги извести претставниците на НДИ за Меморандумот што пред еден месец го склучија ЗЕЛС и Владата, но и за систематизираните ставови кои се подготвуваат секоја година, а по консултација со членките и усвојување на седница на Управен одбор на ЗЕЛС, се доставуваат како најитни барања до Владата.

-Стана збор и за лошата состојба со финансиите со кои се соочува речиси секоја општина и нашите барања до Владата, тоа да се промени во позитивна смисла.
Претставниците на НДИ не известија дека поминала подготвителната фаза на нивниот проект и дека очекуваат во ноември да го потпишат договорот за почеток на реализацијата на проектот, кој треба да трае осум години. Известија дека по потпишување на нивниот договор со Швајцарската амбасада, сакаат да потпишат договор со ЗЕЛС, за соработка и за негова заедничка реализација, наведува Општина Кисела Вода. мч/аа/

фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан