• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски на средба со дел од угостителите: Веднаш по изборите ќе назначам советник за угостителскиот сектор, кој ќе произлезе од нив, најдоброто за Скопје допрва доаѓа

Ѓорѓиевски на средба со дел од угостителите: Веднаш по изборите ќе назначам советник за угостителскиот сектор, кој ќе произлезе од нив, најдоброто за Скопје допрва доаѓа

Скопје, 10 јули 2025

Се сретнавме со претставници на дел од угостителскиот сектор од Скопје, важна алка од економијата и секојдневието на нашиот град.

Разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат, од административни процедури, со посебен осврт на безбедноста на посетителите.

Заедно разгледавме конкретни решенија за унапредување на условите за работа, развој на урбаниот туризам и подобрување на услугите кон граѓаните и посетителите на Скопје.

За првпат досега, веднаш по завршувањето на локалните избори ќе назначам советник за угостителскиот сектор кој ќе произлезе токму од нив, преку меѓусебен договор.

Угостителите се двигатели на живата атмосфера во нашиот град.

Ќе продолжиме со соработка, затоа што само заедно можеме да градиме модерен, економски стабилен и гостопримлив главен град.

Најдоброто за Скопје допрва доаѓа.

 

Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/16uiSCSyhW/?mibextid=wwXIfr

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан