• сабота, 23 ноември 2024

Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрс во Анталија

Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрс во Анталија

Анталија, 8 февруари 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира помеѓу осумте најдобри на ИТФ фјучрсот во Анталија.

Македонката денес во осминафиналето ја совлада Унгарката Амариса Киара Тот со 2-1, по сетови 4:6, 6:4 и 6:4.

Ѓорческа која е трета носителка на турнирот во Турција, во четвртфиналето ќе се соочи со Тара Вирт од Хрватска. зс/

Остани поврзан