• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа елиминирана, Србљак избори четвртфинале

Ѓорческа елиминирана, Србљак избори четвртфинале

 

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во словенскиот град Оточец, додека Горазд Србљак избори пласман во четвртфиналето на фјучерсот во Куршумлиска Бања во Србија.

Ѓорческа во третото коло во Оточец загуби од Полјакината Маја Чваилнска со 2-0 во сетови (6-0, 7-6) за еден час и 45 минути игра.

Следната недела Ѓорческа ја очекува настап на ИТФ фјучерс турнир во италијанскиот град Казерта.

Македонскиот тенисер Србљак, пак, на машкиот турнир во Куршумлиска бања продолжи со успешните настапи и триумфираше во второто коло над Германецот Ласе Портнер со 2-0 во сетови (7-5, 6-3).

За Србљак ова беше петта победа во низа откако имаше и три триумфи во квалификациите.

Во четвртфиналето Србљак ќе игра против Јанаки Милев од Бугарија. ег ФОТО: МТФ

Остани поврзан