• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите

Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите

Париз, 3 јуни 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите.

Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите.

Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на вечната листа со 314, Џими Конорс е на четвртото место со 233, додека Андре Агаси е петти со 224 победи на четирите најголеми тениски турнири. дс

Фото: Архива

Остани поврзан