Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес загуби од Американецот Рајли Опелка во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија.
Бризбејн, 3 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес загуби од Американецот Рајли Опелка во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија.
Мечот траеше 1 час и 40 минути и заврши со победа на Опелка со 7:6 (8:6) и 6:3.
Турнирот се игра за награден фонд од 766.290 долари.
Следен противник на Опелка ќе биде Џовани Мпетши Перикард од Франција. зс/
Фото: ЕПА