Ѓоковиќ го потврди настапот на турнирот во Аделаида
- Дваесет и четирикратниот освојувач на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида. Турнирот ќе се одржи од 6 до 11 јануари.
Белград, 16 декември 2025 (МИА) – Дваесет и четирикратниот освојувач на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида. Турнирот ќе се одржи од 6 до 11 јануари.
Во натпреварувањето ќе учествуваат и Британецот Џек Дрејпер, Гркот Стефанос Циципас, Американецот Томи Пол и Бразилецот Жоао Фонсека.
Триесет и осумгодишниот Србин е победник на 101 АТП турнир во поединечна конкуренција и олимписки шампион во 2024 година. зс/
Фото: ЕПА