• вторник, 17 декември 2024

Ѓоковиќ го победи Надал, дуелот во двојки ќе решава за шампионот на АТП-купот

Ѓоковиќ го победи Надал, дуелот во двојки ќе решава за шампионот на АТП-купот
Сиднеј, 12 јануари 2020 (МИА) - Новак Ѓоковиќ забележа нова победа над Рафаел Надал, откако Србинот победи во 6: 2, 7: 6 (4) во вториот натпревар од финалето на АТП-купот. По победата, Србија го израмни резултатот на 1:1 и претстои одлучувачки дуел во двојки. Претходно денес, Роберто Баутиска Агут го совлада Душан Лајовиќ со 6:1, 7:5. Ѓоковиќ ја запиша својата седма победа по ред над Надал на тврди терени. Неговиот последен пораз светскиот број 1 на оваа подлога беше во финалето на УС опен 2013. Минатата година Новак ја освои седмата титула на Австралија опен, а во битката за трофејот го нанесе единствениот пораз на Рафа во три сета во финале на Гренд слем турнир.

Остани поврзан