• вторник, 24 декември 2024

Ѓилас: Наместо глупостите за свикување референдум, Вучиќ да си поднесе оставка

Ѓилас: Наместо глупостите за свикување референдум, Вучиќ да си поднесе оставка

Белград, 2 август 2024 (МИА) - Претседателот на српската Партија за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас денеска оцени дека „наместо глупостите со свикување референдум за негова смена“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, треба да прифати дека граѓаните не ја поддржуваат неговата политика за литиум и да си поднесе оставка.

Ѓилас во писмена изјава оценува дека тоа ќе биде „почесен потег“ бидејќи, како што додаде, референдум за смена на претседателот не е предвиден ниту со Уставот, ниту со закон, „и затоа не е ни возможен“.

„На крајот на краиштата, самиот Вучиќ рече дека не му е важно дали ќе ја напушти функцијата сега или во 2027 година. Бидејќи не му е важно дали е претседател, а на граѓаните им е многу важно да не е најдобро е да си поднесе оставка и да го прифати фактот дека народот не ја поддржува политиката што сакаше да ја спроведе“, изјави Ѓилас, а пренесе СПП.

Претседателот на оваа српска опозициска партија оцени дека наместо да се предложи референдум, потребно е веднаш да се започне со работа на промена на изборните услови согласно препораките на ОДИХР и со присуство на претставници на мисијата на ОБСЕ и на Европскиот парламент, а по заокружувањето на тој процес, согласно барањето на опозицијата од 18 декември 2023 година, повторно да се одржат избори.

„Со оглед на бројот на лаги кои Александар Вучиќ ги има кажано во својот живот, од тоа дека нема да се кандидира за претседател на Србија до тоа дека проектот Јадар е напуштен, јасно е дека никакво ветување или одлука на Владата и Александар Вучиќ не е гаранција за граѓаните на Србија дека до ископувањето нема да дојде литиум.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека не се откажува од проектот за литиум во Јадар и понуди да се распише референдум за импичмент на претседателот, доколку пратениците од опозицијата во српското Собрание соберат најмалку 70 потписи.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан