• петок, 23 август 2024

Шчесни по седум години замина од Јувентус

Шчесни по седум години замина од Јувентус

 

Торино, 14 август 2024 (МИА) – По седум години минати во Јувентус, полскиот голман Војчех Шчесни ги напушти редовите на гигантот од Торино.

На триесет и четиригодишниот Шчесни му остана уште една година од договорот, но со заедничка согласност го раскина договорот, соопшти вечерва Јувентус.

„Во еден миг ги освои навивачите на Јувентус ширум светот и сигурни сме дека сите ние секогаш во срцето ќе го носиме човекот и професионалецот кој со гордост и посветеност го носеше нашиот дрес“, се вели во соопштението на Јувнетус.

Полски голман запиша 252 настапи за Јуве, освојувајќи три титули во италијанското првенство и три италијански куп трофеи.

Кариерата ја започна во Варшава Легија, но се пресели во Арсенал со само 15 години. Во „топчиите“ остана 11 години, со две позајмици во Брентфорд и Рома, а од 2017 година бранеше за Јувентус, наследувајќи го на голот легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Се шпекулира дека би можел да се пресели во Монца или во саудиската лига. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан