Шумски пожар во атарот на село Ореше, општина Чашка
- Регионалниот Центар за управување со кризи - Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Велес, во 15.40 часот појавен е шумски пожар во атарот на село Ореше, општина Чашка.

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Регионалниот Центар за управување со кризи - Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Велес, во 15.40 часот појавен е шумски пожар во атарот на село Ореше, општина Чашка.
- На терен ќе интервенираат пет вработени од ЈП Национални шуми-подружна едница Бабуна-Велес, како и дел од месното население од село Ореше. Известени се локалната самоуправа на општина Чашка, како и Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Велес, соопштија од Регионалниот ЦУК - Велес. цр/нд/
Фото: МИА