• понеделник, 23 декември 2024

Шумер пристигна во Украина на средба со Зеленски

Шумер пристигна во Украина на средба со Зеленски

Киев, 23 февруари 2024 (МИА) - Лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, пристигна во Украина во обид да го увери претседателот Володимир Зеленски и другите официјални украински претставници дека Конгресот на САД ќе обезбеди уште еден пакет помош.

Ова доаѓа и покрај предлог-законот со кој ќе се обезбеди уште 60 милијарди долари американска помош за Украина, кој е во застој во Претставничкиот дом.

Зеленски рече дека одложувањето на помошта од САД и другите западни земји создава можност Русија да напредува на бојното поле, бидејќи на украинските сили им недостига муниција и оружје.

Во интервјуто пред неговото патување, Шумер изјави дека планира да им каже на украинските власти дека „Америка нема да ги напушти“. „Ние ќе ја добиеме оваа битка“, рече Шумер. 

„Чувствувам дека треба да бидам таму бидејќи тоа е многу важно. Се наоѓаме точно во виорот, во критична пресвртница за целиот западен свет. И ако ја напуштиме Украина, последиците за Америка ќе бидат тешки“, додаде лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан