• понеделник, 23 декември 2024

Шумер го пофали Бајден како „вистински патриот и голем Американец“

Шумер го пофали Бајден како „вистински патриот и голем Американец“

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Чак Шумер, лидер на мнозинството во американскиот Сенат, го пофали претседателот Џо Бајден со тоа што „ја стави на прво место својата партија и нашата иднина“.

-Џо Бајден не е само голем претседател, тој е навистина восхитувачко човечко суштество. Неговата одлука секако не беше лесна, но тој уште еднаш ја стави на прво место својата земја, својата партија и нашата иднина, изјави Шумер.

Тој додаде дека „денешниот ден покажува дека тој е вистински патрот и голем Американец“.

Во историска одлука што го менува карактерот на претседателските избори во САД, закажани за номеври, Џо Бајден денеска објави дека се повлекува од изборите и ја подржува кандидатурата на Камала Харис, неговата потпретседателка. кб/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан