• четврток, 20 февруари 2025

Шукова: Власта не реагира со мерки, СДСМ нуди решенија за намалување на цените

Шукова: Власта не реагира со мерки, СДСМ нуди решенија за намалување на цените

Скопје, 17 февруари 2025

Гледаме дека воопшто нема заштита на потрошувачите, гледаме како растат цените, гледаме дека нема поддршка на економијата и затоа излегуваме со сет први седум мерки, од кои првата е законот што денеска го поднесовме во собранието, со којшто бараме да се направи интервенција на данокот за струјата и на основните прехранбени производи, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Шукова нагласи дека тоа дирекно ќе влијае парите да останат во џебот на граѓаните.

За нас е непоимливо како во време кога има ниска инфлација од 2-3 %, да има енормно зголемување на цените и од 30%. Мислиме дека треба во овој момент да се заштитат граѓаните, како што ние тоа го правевме кога имавме инфлација и поголема од 15% и кога можеше да се дадат пакети и за граѓаните и за стопанството и успевавме да го одржиме буџетот стабилен, мислам дека оваа влада треба да го прифати овој предлог на СДСМ и на коалицијата и да им помогне на граѓаните, бидејќи очигледно е дека не може да се справат со овие цени, рече Шукова.

Таа истакна дека законот за нефер трговски практики, како механизам кој ќе помогне во регулирање на цените е на сила, а не се имплементира.

Граѓаните со месеци очекуваа по сите оние анализи што се прават, испекциите што влегуваат во маркетите, дека ќе има некаков сет на мерки, а владата не реагира со мерки, кои се очекувани, кои се најавени, па одложени, нагласи Шукова, додавајќи дека власта треба да им понуди решенија на граѓаните.

Бидејќи власта не нуди решенија, ние нудиме решенија, порача потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан