• петок, 22 ноември 2024

Штутгарт без Ундав до крајот на годината

Штутгарт без Ундав до крајот на годината

 

Штутгарт, 21 ноември 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски вицепрвак Штутгарт најверојатно до крајот на есенскиот дел од сезоната ќе остане без услугите на својот најдобар стрелец Дениз Ундав поради повреда на мускулот со која се здоби на тренинг.

На Ундав му беше дијагностициран скинат бутен мускул на левата нога, а иако сè уште не е утврдено колку долго би можел да биде надвор од терените, тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес изјави дека „многу работи ќе треба да дојдат на свое место за тој да се врати во теренот оваа година“.

Поради одличните настапи во 2024 година, 28-годишниот Ундав дебитираше за германската репрезентација во март. Напаѓачот во септември и октомври постигна три голови во репрезентативниот дрес на натпреварите од Лигата на нациите против Холандија и Босна и Херцеговина. Но ги пропушти ноемвриските дуели поради болки во грбот. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан