• вторник, 16 декември 2025

Штип ќе го реализира проектот „Безбеден град“

Штип ќе го реализира проектот „Безбеден град“

Штип, 28 јули 2025 (МИА) – Советниците во Советот на Општина Штип денеска ја изгласаа Предлог одлуката за поставување на 146 камери на 54 локации на Општина Штип.   Камерите во рамките на проектот „Безбеден град“ ќе се постават на објекти како што се училишта, градинки, паркови, пешачки зони, игралишта и сообраќајници. Центарот каде што ќе следат камерите ќе биде лоциран во Општина Штип, а видео надзорот ќе се користи и за потребите на СВР-Штип.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова појаснува дека 136 камери ќе  бидат со една техничка спецификација, а десет камери се со друга техничка спецификација. Тендерската постапка за набавка на камерите и нивно поставување почнува веднаш, по донесената одлука.

-Нашата цел со овој проект е да ги заштитеме површините и објектите, каде што ќе се постават. Но, не само овие површини, туку и да ги заштитиме граѓаните, вели Шорова Ангелова.

Општина Штип за реализација на овој проект има предвидено десет милиони денари, а се очекува да профункционира од наредната година. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан