Штип одбележува 81 година од ослободувањето
- Со положување цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на тврдината Исар, денеска се одбележаа 81 година од ослободувањето на Штип. Свечен говор имаше претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, потсетувајќи на историското значење на 8 ноември за Штип и неговите граѓани. Таа истакна дека Денот на ослободувањето е симбол на единство, достоинство и гордост на штипјани.
Штип, 8 ноември 2025 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на тврдината Исар, денеска се одбележаа 81 година од ослободувањето на Штип. Свечен говор имаше претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, потсетувајќи на историското значење на 8 ноември за Штип и неговите граѓани. Таа истакна дека Денот на ослободувањето е симбол на единство, достоинство и гордост на штипјани.

-Денес стоиме пред историјата, пред споменот на денот кога Штип ја доби својата слобода. 81 година од оној 8 ми ноември, кога храбрите борци на Народно ослободителната војна го ослободија нашиот град, оставувајќи зад себе пример на непокор, решителност и љубов кон татковината. Штипјани тогаш, како и многу пати низ вековите, покажаа дека слободата не се подарува, таа се освојува со срце, жртва и идеал. На овој свечен ден сме овде, на Исарот препознатливиот симбол на нашиот град, за да ја одбелжиме годишницата на неговото ослободување. Историјата на градот Штип памети храбри, добри и сладољубици луѓе, вели Кожинкова-Карагунова.
Делегациите од Општина Штип, претставници на државни и локални институции, како и на политички партии и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на борците, потсетувајќи дека нивното дело е темел на денешната слобода. вдј/лв/
Фото: МИА