Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов
- Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.
Штип, 20 април 2024 (МИА) - Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.
Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.
-Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.
Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.
-Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.вдј/бт/
Фото: МИА