• петок, 05 декември 2025

Штипско културно лето почнува на 24 јуни

Штипско културно лето почнува на 24 јуни

Штип, 16 јуни 2025 (МИА) – Најстарата штипска културна манифестацијата Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе го има 40.јубилејно издание. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип денеска изјави дека ШКЛ почнува од 24 јуни, а низа на културно-уметнички содржини ќе има до 30 јули, со вкупно 35 настани, кои ќе одржуваат на  повеќе локации.

Со оглед на интересот, организаторите повикуваат публиката навреме да ги следи објавите и распоредот на настаните.

-Јубилејното издание на ШКЛ е веќе подготвено и спремни сме за старт, почнуваме од следната недела од 24 јуни и се до крајот на седми месец до 30 јули имаме содржини вкупно 35 на број и се трудиме да го задоволиме интересот на публиката, изјави Панајотов.

 Програмата опфаќа разни културно-уметнички содржини, концерти, претстави, изложби. Панајотов истакна дека ШКЛ останува важна платформа за промоција на културата и литературата, особено кај младите генерации, и продолжува да ги негува вредностите во градот.

Инаку, манифестација Штипско културно лето целосно е поддржана од Општина Штип.вдј/вј/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан