• четврток, 23 јануари 2025

Штипското Одделение за Физикална терапија набави апарати

Штипското Одделение за Физикална терапија набави апарати

Штип, 18 декември 2024 (МИА) -Два нови апарати доби Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Лекарот, Николчо Костадинов во Одделот за Физикална терапија денеска изјави дека станува збор за апарати со помош на кои ќе се намалат гужвите. Во источна Македонија овој Оддел има најголем број на пациенти.

-Добивме најмодерни апарати, со кои го интегриравме системот на работа кај нас. Со овој кабински систем на работа секој пациент ќе биде услужен на едно место. Со самото тоа ќе се намалат гужвите и чекањата во Физикална терапија. Со интегрирањето на новиот систем се надеваме дека ќе можеме да услужиме повеќе пациенти и да имаме поквалитетна здравствена услуга, вели Костадинов.

Во меѓувреме на Одделот за Физикална терапија се поправи и лифотот, а во најава е и реконструкција на просторот.

-Инфраструктурно се надеваме дека наредната година ќе почнеме со реконструкција. Имаме најава за целосна реконструкција на хидротерапевтскиот дел со воведување на нови кади и туш кабини. Исто така, очекуваме наредната година да започнеме со модернизирање на болничките соби. Во претходниот период добивме нов лифт, изјави Костадинов.

Во моментот на одделението за Физикална терапија има околу 30 вработени, а во наредниот период треба да се вработат физиотерапевти. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан