• вторник, 24 декември 2024

Штипското музичко училиште донесе одлука за училишни униформи и кодекс на облекување

Штипското музичко училиште донесе одлука за училишни униформи и кодекс на облекување

Штип, 28 февруари 2024 (МИА) - Државниот музички училиштен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ воведе кодекс на облекување за учениците и наставниците. Директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков денеска изјави дека со кодексот на облекување забрането е да се носат тренерки, искинати фармерки, кратки панталони и маици.

-Поминат е кодексот на наставнички совет, на совет на родители и ученички одбор, тоа се првите чекори. Знаете дека ние сме уметничко училиште и слободата е на повисоко ниво од останатите училишта, ова не е на некој начин да ги заробиме учениците во облекувањето, туку едноставно да бидеме добар пример и за останатите училишта, изјави Кавраков.

Овој кодекс на облекување ќе важи до септември, за кога е предвидено, средношколците да добијат униформа. Станува збор за маица и дуксер кои ќе бидат достапни за учениците од прва до четврта година, и сè ќе биде во договор со учениците и родителите.

-Планот е униформите да бидат горен дел, маичка со дуксер тоа ќе биде избор на учениците, а се надевам и на поддршка од страна на МОН. Сите дечиња од средното училиште ќе добијат униформа, вели Кавраков.

Училишни униформи од септември ќе добијат околу 150 ученици во овој регионален музички центар за средно образование. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан