• недела, 24 ноември 2024

Штипските училишта и комуналното претпријатие ги доставија договорите до ЕСМ Продажба за поевтина струја

Штипските училишта и комуналното претпријатие ги доставија договорите до ЕСМ Продажба за поевтина струја
Штип, 10 ноември 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Исар“ поднесе документи за од 1 декември да се снабдува со електрична енергија по пониска цена. Директорот Трајче Здравков истакна дека од нивна страна е завршено сѐ. Додава дека не очекува дрстично намалување на цената на сметката за струја, но барем истата нема да се зголемува, а со тоа ќе се остави простор да се испалаќаат и останатите заостанати долгови на претпријатието. -Согласно одлуките и препораките кои беа во текот на вчерашниот ден објавени од ЕСМ продажба, ЈП „Исар“ постапи по истите, ги пополни договорите и другите обрасци што беа потребни и ги испративме. Ова значи дека ќе бидеме на регулиран пазар, но повоторно по цена повисока од онаа која беше овој период минатата година. Земајќи ги во предвид претходните сметки и цената на киловат час ќе имаме можност со оваа цена да ги исплаќаме старите долгови, односно оние долгови кои се наталожија во последната година и претходно долгот од 30 милиони денари кој не беше платен, вели Здравков. Освен јавното претпријатие „Исар“, обврската со документи ја имаат завршено и основните и средни училишта во Штип, кои се под локалната самоуправа, истакна денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Според него со ова ќе се има предвид во трошоците и ќе може да се прави план за исплаќање на долговите. -Поволноста е тоа што ќе имаме можност да имаме предвидени трошоци. Во изминатата година бевме оставени на слободен пазар, цената на струјата беше зависна од светските берзи и достигнуваше до одредени износи кои ги надминуваа и основните приходи на овие институции, вели Јорданов. Посочува дека барањето за оваа мерка беше доставено од страна на ЗЕЛС и на АДКОМ, за некои комунални претпријатија е задоцнета, бидејќи добија сметки за струја, кои ги надминуваат и месечните приходи. Со ваквите мерки се опфатени прехранбената индустрија која ќе плаќа струја по 80 евра за мегават час, а јавните претпријатија по 95 евра за мегават час. вдј/дма/

Остани поврзан