• сабота, 23 ноември 2024

Штипските ловџии со портокалови елеци и капи на лов

Штипските ловџии со портокалови елеци и капи на лов

Штип, 27 јули 2023 (МИА) - Штипските ловџии на стартот на новата ловна сезона со нови правила на лов. Новина е што секој член на Ловечкото здружение (ЛЗ) „Ловец“-Штип добива елек и капа во портокалова боја, кои задолжително треба да се носат на лов. Секретарот на ЛЗ „Ловец“-Штип, Стефан Панев вели дека доколку не се носат ризикуваат да бидат исклучени од ловот.

-Оваа година како една од мерките којашто е на сила е дека ќе мора секој член на ловот со себе да носи елече и капа. Ова е задолжително оти во спротивно ќе биде исклучен од ловот, вели Панев.

Посочува дека од 2 август започнува новата ловна сезона на прелетен дивеч. Ловни денови се сабота и недела како и државни празници, а право на лов имаат членовите кои платиле членарина за 2023 година. Во завсиност од периодот како и старосната граница на ловџиите е и висината на членарината. Ќе се лови на ловиштата на ЛЗ „Ловец“- Штип. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан