Штипскиот Центар за култура распиша конкурс за драмски текст за деца
- Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип распиша конкурс за драмски текст за деца. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека жири комисијата ќе награди само едн
Штип, 3 март 2022 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип распиша конкурс за драмски текст за деца. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека жири комисијата ќе награди само едно дело.
Наградата ќе биде во висина од 60.000 денари во бруто износ, а во неа е вклучен и откуп на авторското право за изведување на делото во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.
-Наградената пиеса ќе биде отпечатена во тираж од 100 примероци и ќе биде изведена на сцената на НУЦК „Ацо Шопов“- Штип. Наградената пиеса и другите две што ќе влезат во потесен избор, ќе бидат препорачани на сите културни институции кои имаат можност за сценски изведби, изјави Трајков.
Драмските текстови треба да се достават на адреса: НУЦК „Ацо Шопов“- Штип, Плоштад „Тошо Арсов“ бб. 2000 Штип, со назнака – За конкурс за драмски текст за деца. Непотпишана копија од делото со шифра да се достави во затворен плик. Во истиот плик да се достави друг затворен плик со назнака „Не отворај“ кој ќе содржи пријава во која ќе бидат следниве информации: име и презиме на авторот, адреса на живеење, назив на делото, шифра на делото, кратка биографија на авторот, e-mail и телефон за контакт.
Рокот за поднесување е 31 септември 2022, а резултатите од конкурсот ќе бидат соопштени на 10 октомври 2022 година, за време на одржувањето на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“, организиран од НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. вдј/вј/