Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев го освои четврто место на трката во Пирин
- Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев на маратон во Пирин во соседна Бугарија го освои четвртото место во генерален пласман. Тој на својот фејсбук профил напиша дека е задоволен од овој резултат. - Официјалното време е 10:12:20 потребно за прошетката од 71 километар низ убавините и бруталносисте на Пирин и финиш на четвртото место во генерален пласман. Очекувано тешка, неочекувано претешка, но сепак на крај те остава без здив и посакуваш повторно и повторно да ја трчаш, вели Радев.
Штип, 10 септември 2023 (МИА) - Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев на маратон во Пирин во соседна Бугарија го освои четвртото место во генерален пласман. Тој на својот фејсбук профил напиша дека е задоволен од овој резултат. - Официјалното време е 10:12:20 потребно за прошетката од 71 километар низ убавините и бруталносисте на Пирин и финиш на четвртото место во генерален пласман. Очекувано тешка, неочекувано претешка, но сепак на крај те остава без здив и посакуваш повторно и повторно да ја трчаш, вели Радев.
Посочува дека ова е трка во која за првпат се соочил со ситуација во која моменталната физичка спремност не можел да ја преточи во подобар резултат заради недоволна подготвеност за трчање по ваков технички терен, но сепак како што вели е бескрајно благодарен и среќен.
-Последна голема трка за и тоа како посакуван конечен крај на оваа долга тркачка сезона, која и покрај 5 километар дополнително лутање по планината, и покрај менталните падови и блокови, сепак презадоволен од остварениот резултат, како на денешната трка, така и на секоја за оваа година, напиша на својот фејсбук профил Радев.
Инаку, Радев годинава го освои првото место на „Охрид ултра-трејл“. вдј/аа/
Фото: фејсбук профил Иван Радев