• четврток, 14 ноември 2024

Штајнмаер: Предлогот изборите во Германија да се одржат на 23 февруари е реален

Штајнмаер: Предлогот изборите во Германија да се одржат на 23 февруари е реален

Берлин, 13 ноември 2024 (МИА) – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер синоќа оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат на 23 февруари следната година“.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнмаер го поздравува фактот што парламентарните групи договориле „патоказ“ за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година за реален датум за нови избори.

Се додава дека претседателот јасно ставил до знаење дека во случај Бундестагот да му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц, тој брзо ќе донесе одлука за распуштање на парламентот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан