• петок, 26 јули 2024

Шредер ќе пропушти 3-4 недели поради повреда на прстот

Шредер ќе пропушти 3-4 недели поради повреда на прстот
Лос Анџелес, 18 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер ќе пропушти 3 до 4 недели поради повреда на палецот. Лејкерси ќе го започнат регуларниот дел од сезоната во вторник на 18 октомври со гостувањето кај бранителот на титулата Голден стејт. Оваа вонсезона, Шредер потпиша едногодишен договор со Лејкерс вреден 2,64 милиони долари. Германскиот дефанзивец веќе настапуваше за тимот од Лос Анџелес во сезоната 2020/21. зс/

Остани поврзан