• среда, 27 ноември 2024

„Шпигел“: Германија има уште само 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати

„Шпигел“: Германија има уште само 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати

Берлин, 20 јуни 2023 (МИА) - Германските вооружени сили имаат уште само околу 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати.

Германскиот неделник „Шпигел“ ја објави оваа информација повикувајќи се на доверливи документи на Министерството за одбрана, подготвени да ја убедат Комисијата за буџет во врска со потребата од итна набавка..

Како што е наведено, германската Армија треба да направи околу 230 илјади гранати до 2031 година, за да ја исполни програмата на НАТО и да има доволно артилериска муниција да издржи 30 дена интензивни борби.

Германското Министерство за одбрана има за цел да и претстави на буџетската комисија девет договори за забрзана набавка на артилерија и тенковска муниција во наредните месеци.

Земји како Германија побрзаа да му испратат на Киев големо количество артилериски гранати од 155 мм, кои ги користат хаубици во Украина по рускиот напад во февруари 2022 година, со што ги намалија залихите за сопствена одбрана. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан