• сабота, 23 ноември 2024

Шпаркасе банка АД Скопје почна со делење на картичките за субвенциониран студентски оброк

Шпаркасе банка АД Скопје почна со делење на картичките за субвенциониран студентски оброк

Скопје,  5 септември 2023 (МИА)  – Шпаркасе банка АД Скопје ги известува сите  студенти кои го оствариле правото на студентски оброк, дека вчера почна подигнувањето на наменските студентски Visa картички за субвенциониран оброк, како и Vibe on пакетот за млади, во Скопје.

-Квалификуваните студенти за субвенциониран студентски оброк можат да ја подигнат картичката согласно дефинираниот распоред на банката поделен по различни датуми и различни градови низ државата. Во претстојниот период, сите квалификувани студенти, кои аплицирале за субвенциониран студентски оброк и ги очекуваат следните насоки за да ги подигнат своите картички, ќе добијат навремено СМС-известување за точното време и место на подигнување на картичките, соопшти Шпаркасе банка АД Скопје.

Банката потсетува дека најдоцна 24 часа пред подигнување на студентската Visa картичка, секој квалификуван студент мора да биде регистриран на активната онлајн-платформа на Шпаркасе банка и да ги ажурира своите податоци, https://netbanking.mk/studentPortal. Со ажурирањето на податоците во склоп на втората фаза, се преминува кон брзо и непречено комплетирање на сите законски процеси со цел издавање на картичката и нејзино подигнување. 

Шпаркасе банка на сите студенти, кои аплицирале за користење на субвенциониран студентски оброк, им овозможува користење бесплатен Vibe on пакет за млади, којшто вклучува бројни придобивки. Со овој пакет е овозможено бесплатно отворање и одржување на платежна сметка, бесплатно добивање и користење на платежна картичка, бесплатно S-Banka мобилно банкарство преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, без разлика каде и да се наоѓа студентот. По навршување на 25 години и/или губење на статусот студент, овој бесплатен пакет за млади, автоматски преминува во редовен S-пакет, дел од тековната понуда на банката, се наведува во соопштението од Банката. 

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360. хс/цр

Фото: Шпаркасе банка АД Скопје 

Остани поврзан