• среда, 25 декември 2024

Шпан: Германија очекува 20 отсто од населението да биде вакцинирано до мај

Шпан: Германија очекува 20 отсто од населението да биде вакцинирано до мај
Берлин, 5 април 2021 (МИА) - Германија очекува 20 отсто од населението да биде вакцинирано против коронавирусот до почетокот на мај, изјави министерот за здравство Јенс Шпан. Во Германија, каде бројот на случаи се зголемува, кампањата за вакцинација заостанува зад Израел, САД и Велика Британија. - На Германија и беа потребни три месеци да ги вакцинира првите 10 проценти од своето население, рече Шпан во центарот за вакцинација. Тој додаде дека следните 10 проценти ќе може да се реализираат за еден месец, со оглед на очекуваното темпо на вакцинацијата. паг/

Остани поврзан