• понеделник, 23 декември 2024

Шпанскиот фудбал се врати на приходите од пред пандемијата на коронавирусот

Шпанскиот фудбал се врати на приходите од пред пандемијата на коронавирусот

Мадрид, 4 мај 2023 (МИА) – Шпанскиот професионален фудбал во сезоната 2021/22 речиси се врати на нивото на приходи кое го имаше пред пандемијата на коронавирусот, се наведува во годишниот финансиски извештај што денеска го објави Ла Лига.

Во извештајот стои дека 42. клубови од Првата и Втората шпанска лига во минатата сезона собрале вкупно 4.839 милијарди евра приход.

„Овој оперативен приход не ги покрива сите трошоци, но со загуба од 140.1 милиони евра, шпанските клубови забележале најнизок кумулативен минус меѓу петте најсилни европски лиги (Германија, Англија, Франција и Италија), пишува во извештајот.

Што се однесува до приходите, износот остварен во сезоната 2021/22 бележи раст од 22.6 отсто во однос на претходната сезона, која во голема мера претрпе последици поради коронавирусот. Под влијание на затворените стадиони, приходот тогаш се спушти под четири милијарди евра.

Главните приходи доаѓаа од телевизиските права, околу 1.7 милијарди евра. ег/рп/

Фото: Твитер

 

Остани поврзан