• сабота, 23 ноември 2024

Шпанската полиција уапсила Албанци осомничени за 50 грабежи и украдени предмети вредни два милиони евра

Шпанската полиција уапсила Албанци осомничени за 50 грабежи и украдени предмети вредни два милиони евра

Тирана, 25 јули 2024 (МИА) - Шпанската цивилна гарда уапсила двајца Албанци за извршени околу 50 грабежи, на островите Ибица и Мајорка, во последните две години, јавија албанските медиуми.

Вкупната вредност на украдената стока се проценува на 2 милиони евра, во која има повеќе од 20 луксузни часовници и многу накит.

- Уапсените од албанско потекло избирале жртви со висока куповна моќ кои живеат на Балеарските Острови. Тие обично ги избирале додека ги напуштале луксузните ресторани и ексклузивни плажи. Дури оделе дотаму што ги означувале нивните автомобили со ГПС уреди за да ги идентификуваат домовите во кои живееле за потоа да ги ограбат, наведува Ора њуз.

Потоа, крадците упаѓале во нивните домови и земале претежно скапоцен накит и часовници, кои преку трети лица биле продавани на црниот пазар. вт/

Остани поврзан