Шпанската групација ИбертАтлантик преговара за производство на руската вакцина
- Инвестициската бизнис групација ИбертАтлантик разговара за можно производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, изјави извршниот директор Педро Мурино.
Мадрид, 10 март 2021 (МИА) - Инвестициската бизнис групација ИбертАтлантик разговара за можно производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, изјави извршниот директор Педро Мурино.
- Што се однесува до „ИберАтлантик“, можам да потврдам дека сме во преговори со уште некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со Рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот „Спутник V“ да се донесе во Шпанија, на Пиринејскиот полуостров и на европскиот пазар, изјави Мурино за агенцијата ТАСС, без да прецизира до каде се разговорите.
Кон крајот на февруари, вицепремиерот Александар Новак изјави дека по разговорите со Шпанија за трговска и економска соработка, Русија изразила подготвеност да соработува со Шпанија за производство на вакцини и заедничка борба против пандемијата. паг/